Евдокија Никулина
Евдокија Андреевна Никулина (руски: Евдокия Андреевна Никулина; 8 ноември 1917 – 23 март 1993) беше командант на ескадрила на 46. Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк, 325. Ноќна бомбашка воздухопловна дивизија, 4. Воздухопловна армија на Вториот белоруски фронт за време на Втората светска војна. За успешно извршување на 600 бомбашки мисии, прогласена е за Херој на Советкиот Сојуз на 26 октомври 1944 година.
Евдокија Андреевна Никулина Евдокия Андреевна Никулина | |
---|---|
Починал | 23 март 1993 (76 години) Ростов на Дон, Руска Федерација |
Држава | СССР |
Род | Советски воздухопловни сили |
Служба | 1941–1945 |
Чин | Гардиски Мајор |
Единица | 46. Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк |
Битки/војни | Голема Патриотска војна |
Одликувања | Херој на Советскиот Сојуз |
Цивилен живот
уредиНикулина е родена во селото Парфјоново во селско руско семејство на 8 ноември 1917 година. Во 1933 работи во Подолск, пред да се запише на училиште за летање.[1] По завршување на техничкото училиште и академијата за летање во Балашов, работи како пилот на цивилно воздухопловство во Смоленск пред Втората светска војна. Станува член на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз во 1942 година.[2]
Воена кариера
уредиПо приклучувањето кон Црвената Армија во 1941 година и завршувањето на обуката, распоредена е на Источниот фронт на војната како командант на ескадрила. Во нејзините должности го брани Јужниот, Транскавкаскиот, Севернокавкаскиот и 2. белоруски фронт.[1]
Вкупно извршува 774 мисии со 3650 часа летање, од кои 1500 се за време на ноќ и 920 во борба.[1] Се закитува со титулата Херој на Советскиот Сојуз на 26 октомври 1944 година за "примерно исполнување на командите во борбените мисии и демонстрација на храброст и херојство во битките против германските фашистички окупатори".[2]
Подоцнежен живот
уредиЈа напушта активната служба по војната и се придружува кон резервите пред да се пензионира. Во 1948 го завршува Училиштето на Комунистичката Партија во Ростов на Дон, а во 1954 завршува на Педагошкиот институт во Ростов на Дон. До пензионирањето, работи во локалниот партиски комитет. Остатокот од својот живот го поминува во Ростов-на-Дон.[3]
Никулина и нејзината четиригодишна внука беа нападнати од развојници во нејзиниот дом на 2 јули 1992. Се опоравува од нападот, но умира набрзо потоа на 23 март 1993. Постоеја лажни известувања дека е убиена во нејзиниот дом.[4]
Во 2015 година добива ѕвезда на „Алеата на хероите“ во Ростов на Дон.[4]
Награди
уреди- Херој на Советскиот Сојуз[5]
- Орден на Ленин[5]
- Три Ордени на Црвеното знаме[6]
- Орден на Александар Невски[7]
- Орден на Патриотската војна, прва и втора класа[8][9]
- различни јубилејни медали[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Никулина Евдокия Андреевна“. airaces.narod.ru. Посетено на 2018-01-15.
- ↑ 2,0 2,1 „Никулина Евдокия Андреевна“. www.warheroes.ru. Посетено на 2018-01-15.
- ↑ Rakobolskaya, Irina; Kravtsova, Natalya (2005). Нас называли ночными ведьмами : так воевал женский 46-й гвардейский полк ночных бомбардировщиков. Moscow: University of Moscow Press. p. 149. ISBN 5211050088. OCLC 68044852.
- ↑ 4,0 4,1 „В Ростове открыли «звезду» в память Дины Никулиной“ (руски). Посетено на 2018-02-06.
- ↑ 5,0 5,1 „Герой Советского Союза (Орден Ленина и медаль «Золотая звезда»)“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Подвиг народа“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Орден Александра Невского“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Орден Отечественной войны II степени“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Орден Отечественной войны I степениa“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.