ЕУПОЛ „ПРОКСИМА“
ЕУПОЛ „ПРОКСИМА“ — прва полициска мисија на ЕУ во Македонија, која ја заменила првата воена мисија на ЕУ во Македонија - „Конкордија“[1] и траела до 2003 до 2005 година. Воспоставена била врз основа на заедничката акција на Советот на ЕУ (29.IX.2003) и Договорот меѓу Македонија и ЕУ за статусот и активностите на полициската мисија на ЕУ во РМ (ЕУПОЛ „ПРОКСИМА“, 11.XII.2003), со функции од советодавен карактер во сферата на градењето доверба, владеењето на правото, справувањето со организираниот криминал, реформата на МВР и трансформацијата кон полициско обезбедување на границите, што ги вршела до 14.XII.2005, кога започнал мандатот на новата полициска мисија „ЕУПАТ“[1]. Мисијата уследила по потпишувањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација помеѓу Македонија и Европската Унија на 7.IV.2001 и завршувањето на Воениот судир во 2001, со цел истовремено да делува во насока на неопходните реформи на полицијата предвидени кон пристапувањето на Македонија кон членство ЕУ, како и во зајакнување на капацитетите на полицијата по воениот судир и новоусвоените промени на политичкиот и општествен систем. Мисијата била од цивилен карактер и според првичниот план, "Проксима" ја сочинувале меѓу 180 и 200 полициски офицери, при што мисијата "Проксима" требало претставува вооружен заштитен елемент чија улога ќе биде да помогне во создавањето и развојот на ефикасна мултиетничка и демократски одговорна полициска служба според европски и меѓународни стандарди[2]. Според резултатите на анкетата спроведена од службите на Собранието на Македонија, повеќе од половината од граѓаните не биле уверени дека "Проксима" придонесува за подобро функционирање на полицијата, додека Министерството за внатрешни работи, во свој извештај соработката со претставниците на мисијата ЕУПОЛ "ПРОКСИМА" во областа на јавната безбедност ја оценила како мошне успешна и неопходна[3].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Миноски, Михајло (2009). Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1776. ISBN 978-608-203-023-4 (1) Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help). - ↑ М., Т. (12 декември 2003). „"Проксима" пристига в понеделник“. Скопје: Дневник. Посетено на 22 јануари 2016.[мртва врска]
- ↑ Н., С. (29 јуни 2004). „МВР се фали, а граѓаните не и веруваат на Проксима“. Скопје: Вест. Посетено на 22 јануари 2016.[мртва врска]