Дуќанот на Теље
„Дуќанот на Теље“ или „Тељеовата куќа“ (француски: La Maison Tellier) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан. Расказот бил првпат објавен во 1881 година, како дел од истоимената збирка раскази. Авторот му го посветил расказот на рускиот писател Иван Тургенев „во знак на длабока верност и искрена восхит“.[1] Во 1952 година, расказот бил екранизиран во францускиот филм „Уживање“, во режија на Макс Офилс (Max Ophüls).[2]
Содржина
уредиВдовицата Теље, која ја нарекуваат Госпоѓата, е сопственичка на бордел во едно мало место. Еден ден, редовните посетители на борделот откриваат дека тој е затворен и во местото настанува паника. Причината лежи во тоа што Госпоѓата и нејзините пет девојки отпатувале во блиското село каде нејзиниот брат прави прослава по повод првата причест на ќерката. На патот до селото, во возот влегува трговски патник кој на проститутките им нуди модни додатоци, под услов да ги пробаат во вагонот. На почетокот, тие се воздржани, но потоа ја прифаќаат понудата на запрепастување на еден брачен пар. Во селото, Госпоѓата и девојките побудуваат интерес кај сите жители. Утредента, во црквата, за време на обредот, проститутките почнуваат да плачат, а нивниот пример го следат сите присутни, а на големо воодушевување на свештеникот, кој тоа го сфаќа како знак на божјото присуство. По завршувањето на службата, прославата продолжува во куќата на братот на Госпоѓата кој, целосно пијан, флертува со девојките. Истиот ден, гостинките се враќаат дома, а низ градот се проширува веста за повторното отворање на борделот. Постојаните гости веднаш одат таму и во борделот се одржува голема забава при што проститутките се поуслужливи од вообичаеното.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Тељеова радња“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 59.
- ↑ HRT, Užitak, francuski film (12) (пристапено на 24.4.2021)
- ↑ „Тељеова радња“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 59-98.