Душко Јовановски
Душко Панчев Јовановски ( 1921 во Скопје — 13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиЗавршил основно и се запишал во средно училиште, но поради окупацијата не го завршил. Во 1944 година станал член на средношколскиот скоевски актив во училиштето. Спроти нападот за ослободувањето на Скопје, учествувал во ударните групи. На 13 ноември 1944 година во уличните борби што ги воделе борците од Третата и Дванаесеттата македонски ударни бригади против Германците, им се придружил и Душко. Ги помагал единиците на НОВ и ПОЈ, кои се бореле за ослободувањето на градот од непријателот. Во уличните борби за ослободување на Скопје, бил погоден од германски куршум. Бил закопан на скопските гробишта.[1]