Душан Лазов Шишков ( 1923 во Мирковци, Скопско1944 во Кратово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Биографија

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото, а потоа, поради слабата материјална состојба се преселил во Скопје, каде станал општ работник. Уште како младинец бил вклучен во ослободителното движење и активно го помагал подготвувањето на оружената борба против непријателот. Во почетокот на 1944 година поради пројавената активност за Народноослободителното движење, бугарската полиција го затворила, но тој успеал да побегне. Заминал во Треттата македонска ударна бригада со која учествувал во Мајската офанзива против силните бугарски воени и полициски фашистички единици. При нападот на Бригадата на Кратово, храбро загинал. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 164. На |first= му недостасува |last= (help)