Духло

пештера над селото Дупјак, Костурско

Духло (грчки: Ντούχλο, Ντούχλος, Духлос) — пештера над селото Дупјак, Костурско, Егејска Македонија.[1][2][3]

Духло
Ντούχλο
МестоДупјак, Костурско, Егејска Македонија
Координати40°28′51″N 21°17′11″E / 40.4808° СГШ; 21.2863° ИГД / 40.4808; 21.2863
Влезови1
Пристапслободно
Карта

Пештерата се наоѓа во планината Диминик, над селската црква „Св. Никола“. Пештерата е мала и целосно отворена за пристап.[1]

Во пештерата има тесен премин низ кој, според месното предание, луѓе со големи гревови неможат да поминат. Според другото предание, ако родилка помине низ преминот, таа нема повеќе да раѓа. За време на Втората светска војна, Духлото служело како засолниште за прогонетото население.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Η Καστορια“. hotelnostos.gr. Хотел Ностос. Архивирано од изворникот на 15 октомври 2016. Посетено на 16 август 2024.
  2. „Ντούχλος - Δισπηλιό“. Cyberότσαρκα - Τα μυστικά του τόπου μας. Посетено на 16 август 2024.
  3. „Ντούχλος - Δισπηλιό“. 5 февруари 2009. Посетено на 18 август 2024.
  4. „Ιεροί Ναοί-Εξωκκλήσια“. Εκπολιτιστικός Σύλλογος Δισπηλιού Καστοριάς. Посетено на 16 август 2024.