Дропка
Дропка — број што содржи еден или неколку еднакви делови од целото (единицата), се викаат дропки. Зборовите: половинка, четвртинка, третинка, петтинка, десеттинка, стотинка итн., при искажувањето на дропките ни покажуваат на колку еднакви делови е разделена единицата (целото), според тоа и нив можеме да ги изразиме со природните броеви: 2, 3, 4, 5, 6, . . . ,10, . . . , 100 итн. Според тоа, дропките ги искажуваме со помош на два броја, што при запишувањето ги разделуваме со една хоризонтална цртичка и тоа вака:
Бројот што стои под цртичката го викаме именител, а ни покажува на колку еднакви делови е разделена единицата, т.е., името на тие делови. Бројот пак, што стои над цртичката го викаме броител, а ни покажува колку такви делови сме земале, односно колку ги има во дропката. Хоризонталната цртичка, што го разделува броителот од именителот, се вика дробна црта. На пример, кај дропката:
- , бројот 5 е броител, а бројот 8 е именител.
Дропките, можат да имаат најразлични именители, т.е. за именител може да дојде кој и да било природен број, таквите дропки се викаат уште и обични дропки. Секој природен број n може да се запише како дропка со со броител n и именител 1. Дропки кои имаат ист броител и ист именител формираат едно цело. На пример: 2 половини = едно цело. Дропката со која е претставен природене број се нарекува привидна дропка. Секој природен број може да претставува дропка. Има некои природни броеви кои не претставуваат дропка. Дропките се делат на чисти и нечисти (правилни и неправилни). Правилни дропки се оние кои имаат помал броител, а поголем именител. Тие дропки се помали од 1. А дропките кои кои имаат поголем броител,а помал именител се нарекуваат нечисти дропки. Тие се дропки поголеми од 1.
Оваа статија од областа на математиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |