Дрожденка – вид ракија која се добива со дестилација на вински талог.[1]

Дрожденка
Ракија
Алкохол по волумен35–55%
Состојкигрозје
Варијанти
  • бела
  • жолта
Казан за варење ракија

Содржина на дрожденката[1]

уреди

Дрожденката содржи:

  • стварен алкохол од 35 до 55 волумни %;
  • екстракт до 6 грама на литар;
  • вкупни киселини, изразени како оцетна киселина од 200 до 1.000 милиграми на литар апсолутен алкохол;
  • естри, како етил естер оцетна киселина, од 1.000 до 5.000 милиграми на литар апсолутен алкохол;
  • метил алкохол од 0,30 до 1,20 волумни % сметано на апсолутен алкохол;
  • виши алкохоли од 1.500 до 5.500 милиграми на литар апсолутен алкохол;
  • алдехиди, од 100 до 500 милиграми на литар на апсолутен алкохол;
  • фурфурол до 30 милиграми на литар апсолутен алкохол;
  • издашност најмалку 1 :500.

Технологија на производство

уреди

Технологијата за производство на дрожденка опфаќа:

  • берба на грозјето
  • гмечење на грозјето
  • превривање на клукот или ширата
  • источување на виното
  • дестилација на останатиот вински талог
  • одлежување и формирање дрожденка

Начин на добивање

уреди

Дрожденката се добива со дестилација на винскиот талог.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „ПРАВИЛНИК ЗА РЕОНИЗАЦИЈА НА ЛОЗАРСКИТЕ ПОДРАЧЈА, ЗА УСЛОВИТЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО И ПРОМЕТ НА ГРОЗЈЕ, ШИРА, ВИНО И НА ПРОИЗВОДИТЕ ОД ГРОЗЈЕ И ВИНО, ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ И ЗАШТИТА НА ГЕОГРАФСКОТО ПОТЕКЛО НА ВИНАТА И НИВНОТО ОЗНАЧУВАЊЕ ВО СР МАКЕДОНИЈА“ (PDF). Службен весник на СРМ. 12: 232. 1980. Посетено на 27 ноември 2019.