Државен непријател (филм од 1931)

Државен непријател (англиски: The Public Enemy) - американски филм од 1931 година, во режија на Вилијам А. Велман. Главните улоги ги толкуваат: Џејмс Кегни, Џин Харлоу, Едвард Вудс, Џоан Блондел, Доналд Кук, Лесли Фентон, Берил Мерсер, Мареј Кинел, Роберт О'Конор итн. Во 1998 година, филмот бил ставен во Националниот филмски регистер на САД.[1]

Содржина

уреди

Том Пауерс (го игра Кегни) и Мат Дојл (го игра Вудс) се деца кои се занимаваат со ситни кражби, а кога ќе поодраснат веќе навлегуваат во водите на сериозниот криминал. За време на прохибицијата, тие стануваат дел од бандата на Педи Рајан (го игра О'Конор) и притоа заработуваат многу пари. Тие уживаат во раскошниот живот, исполнет со забава и девојки. Том ѝ дава пари на мајка му (ја игра Мерсер), која го прифаќа неговиот начин на живот, но брат му Мајк (го игра Кук) остро му се спротивставува. Еден ден, противниците го убиваат нивниот соработник Семјуел Нејтан (го игра Фентон), со што започнува војна меѓу криминалните банди. Педи му предложува на Том да се смири, но тој не прифаќа, а кога ќе биде убиен неговиот најдобар другар Мат, тој оди во седиштето на противничката банда и ги убива сите кои се скриени таму. Сепак, Том е тешко ранет во престрелката, а додека закрепнува во болницата, противниците го грабнуваат и го убиваат.[2]

Наводи

уреди