Државен министер на Монако

Државниот министер (француски: Ministre d'État; моначки: Ministru de Statu) — шеф на владата на кнежевството Монако, назначен од Кнезот (или Кнегињата). Во службата тој има должност да ја предводи работата на владата и да раководи со надворешните односи на земјата. Како претставник на кнезот, државниот министер исто така раководи со извршните органи, полицијата, и заседава со Државниот совет, на кој има право да гласа.

Монако

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Монако



Оваа функција е воведена во 1911 г. со усвојвуањето на Уставот на Монако. Сè до преработката на уставот 2002 г., тој морал да биде француски државјанин, одбран меѓу вишите државни чиновници од француската влада. Од 2002 г. наваму, државниот министер може да биде или од Франција или од Монако, а правото на избор и назначување го има самиот Кнез, по претходна консултација со француската влада.

Список на државни министри

уреди
Име Стапил Напуштил Партија
Емил Флаш февруари 1911 декември 1917 независен
Жорж Жалустр (вршител) јануари 1918 февруари 1919 независен
Ремон Ле Бурдон 19 февруари 1919 11 август 1923 независен
Морис Пјет 11 август 1923 февруари 1932 независен
Анри Моран (првпат; вршител) јануари 1932 јуни 1932 независен
Морис Бују-Лафон јуни 1932 јуни 1937 независен
Анри Моран (вторпат; вршител) јуни 1937 август 1937 независен
Емил Робло 15 септември 1937 29 септември 1944 независен
Пјер Бланши (првпат; вршител) 29 септември 1944 13 октомври 1944 независен
Пјер Де Витас 13 октомври 1944 декември 1948 независен
Пјер Бланши (вторпат; вршител) 4 јануари 1949 12 јули 1949 независен
Жак Реф 12 јули 1949 1 август 1950 независен
Пјер Воазар 1 август 1950 2 септември 1953 независен
Анри Сум 15 ноември 1953 12 февруари 1959 независен
Емил Пелетје 12 February 1959 23 јануари 1962 независен
Пјер Бланши (третпат; вршител) 23 јануари 1962 16 август 1963 независен
Жан Ремон 16 август 1963 28 декември 1966 независен
Пол Деманж 28 декември 1966 1 април 1969 независен
Франсоа-Дидје Грег 1 април 1969 24 мај 1972 независен
Андре Сен-Мле 24 мај 1972 јули 1981 независен
Жан Ерли јули 1981 16 септември 1985 независен
Жан Осеј 16 септември 1985 16 февруари 1991 независен
Жак Дипон 16 февруари 1991 2 декември 1994 независен
Пол Дижу 2 декември 1994 3 февруари 1997 независен
Мишел Левек 3 февруари 1997 5 јануари 2000 независен
Патрик Леклерк 5 јануари 2000 1 мај 2005 независен
Жан-Пол Пруст 1 мај 2005 29 март 2010 независен
Мишел Роже 29 март 2010 16 декември 2015 независен
Жил Тонели (вршител) 16 декември 2015 1 февруари 2016 независен
Серж Тел 1 февруари 2016 31 август 2020 независен
Пјер Дарту 1 август 2020 на должност независен

Поврзано

уреди