Драган Спироски
Драган Штерјов Спироски ( 1910 во Лешница (Кичевско) — 1943 во Вранештица, Цер (село), Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПо занимање бил земјоделец. Во есента 1943 година, во селото Карбуница стапил во редовите на НОВ во Групата баталјони. Учествувал во повеќе борби низ Кичевско. Во ноември 1943 година загинал на теренот помеѓу селото Вранештица и Цер. Закопан бил во селото Цер.[1]