Долноцелталски јазик


Бачахон целталскиот или познат како долен целталски или целталски од Окосинго е мајански јазик кој се зборува во покраината Чијапас во Мексико. Половината од вкупната бројка на говорници го зборуваат само овој јазик, додека останатиот број зборуваат бачахон целталски и шпански јазик. Овој јазик го зборуваат околу 100.000 луѓе.

Долноцелталски јазик
Зборуван во: Мексико (Чијапас)
Вкупно говорници: 100.000 (1993 SIL)
Јазично семејство: мајански
 чолско-целталски
  целталски
   Долноцелталски јазик
Јазични кодови
ISO 639-1: нема
ISO 639-2: myn
ISO 639-3: tzh — Tzeltal