Долгиот ден завршува

Долгиот ден завршува (англиски: The long day closes) - британски филм од 1992 година, во режија на Теренс Дејвис, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Ли Мек Кормак (Leigh McCormack), Марџори Јејтс (Marjorie Yates), Ентони Вотсон (Anthony Watson), Николас Ламонт (Nicholas Lamont), Ајси Овенс (Ayse Owens), Тина Малоун (Tina Malone), Џими Вајлд (Jimmy Wilde), Робн Поли (Robin Polley) и Џој Блејкман (Joy Blakeman). Филмот, кој нема цврсто наративно јадро и драмска композиција, претставува посвета на филмската уметност зашто на многу сугестивен и аудиовозиелно богат начин го прикажува растењето на едно дете за кое филмот претставува излез од мрачното секојдневие. Во споредба со најпознатиот филм на Дејвис, „Оддалечени гласови, запрени животи“, овој филм е многу поведар и поптимистичен. Карактеристично за филмот е тоа што главната улога ја игра Ли Мек Кормак за кого таа му била првата и последната филмска улога. Исто така, филмот се одликува со натпросечна музичка подлога во која се комбинирани класичните дела со популарните песни од 1950-тите.[1]

Синопсис

уреди

Дејствието на филмот се одвива во Ливерпул, во 1950-тите. Дванаесетгодишното момче Бад (го игра Мек Кормак) расте без татко во многучлено семејство за кое се грижи пожртвуваната мајка (ја игра Јејтс). Тој има двајца поголеми браќа, Кевин (го игра Вотсон) и Џон (го игра Ламонт) и една постара сестра (ја игра Овенс). Неговите блиски му посветуваат големо внимание и љубов, Бад се чувствува многу осамен, а единственото задоволство му се филмовите. Секогаш кога мајка му ќе му остави малку пари, тој оди во блиското кино...[2]

Наводи

уреди