Долганцитуркиски народ, кој живее во регионот на Краснојарск во Сибир, Тајмирија. За првпат се споменуваат во текот XIX век. Тие зборуваат на долгански јазик и се припадници на анимизмот и шаманизмот.[2] Некои веруваат дека тоа е дијалект на јакутскиот јазик. Има некои и со православна вероисповед. Пописот во 2010 година броел 7.855 Долганци. Овој број вклучува 5.517 во поранешниот Тајмирски автономен округ. Во Украина има 26 Долганци, од кои четворица зборуваат долгански (попис на население во 2001 година).

Долганци
Вкупен број
7.911
Подрачја со значајно население
 Русија7.885[1]
Јазици
долгански, руски
Вероисповед
православие, шаманизам
Сродни народи
Јакути
Тајмирија во Русија

Историја

уреди

Долганците се сметаат за турскиски тунгуски народ. Во XVII век, Долганците живееле во сливовите на реката Оленјок и реката Лена. Тие се преселиле во нивната сегашна локација, Тајмир, во XVIII век.[3] Идентитетот на Долганците започна да се појавува во текот на 19 и почетокот на XX век, под влијание на три групи (Евенки, Јакути и Енети) кои мигрирале во областа Краснојарск од Лена и регионот на реката Оленјок, како и на таканаречените селани од Тундра (Зату́ндренные крестья́не, буквално „измачувани селани“).

Наводи

уреди
  1. Russian Census 2010: Population by ethnicity Архивирано на 4 декември 2013 г. (руски)
  2. Hickey, Raymond (14 May 2012). The Handbook of Language Contact. John Wiley & Sons. стр. 728. ISBN 978-1-4443-1816-6. Посетено на 26 August 2012.
  3. Akiner, Shirin (1986). Islamic Peoples of the Soviet Union (with an Appendix on the Non-Muslim Turkic Peoples of the Soviet Union). London: Kegan Paul International. стр. 420–423. ISBN 0-7103-0188-X.