Договор од Балта Лиман
Договорот од Балта Лиман или договорот за англо-османлиска соработка претставувал формален трговски договор потпишан во 1838 година меѓу двете земји. Трговските политики кои ги спровела Османлиското Царство се сметале за едни од најлибералните во текот на постоењето. Според договорот, империјата требало да ги укине сите монополи кое им овозможило на британските трговци да имаат целосен пристап до османлиските пазари и ќе бидат подеднакво оданочени како локалните трговци. Договорот бил потпишан по големата британска интервенција во дипломатски однос против Руската Империја и потпишувањето на договорот на Хункар Искелеси, каде Русија требало да ги ужива сите права над Босфорот. Договорот имал сериозни економски последици врз османлиските трговци и економија.
Во 1839 година Османлиите објавиле војна на Египет но во Битката кај Незиб, Османлиите биле поразени од Ибрахим Паша. Со овој пораз, египетските сили слободно можеле да маршираат кон престолнината Истанбул и целосно да ја уништат империјата. По овој пораз набргу починал и Махмуд II, оставајќи го неговиот 16-годишен син Абдул Меџит I на власт. Во конфликтот се вмешале големите европски сили Велика Британија, Русија и Австрија, кое довело до потпишување на онвенцијата во Лондон во 1840 година. Така според конвенцијата од Лондон, на Египќаните им била доделена целосна власт над Египет и делови од денешен Судан, но морале да се откажат од окупираните територии во Сирија и Грција. Египет не одговорил на договорот во дадениот временски период бидејќи се надевал на француска поддршка. Несоработувањето на Египет довело до руска и британска интервенција, каде биле нападнати египетските сили во Акра и поразени. По ова, Египет се согласил на условите на големите сили од Европа.