Договор од Ќутахија
Договорот од Ќутахија бил договор потпишан помеѓу Отомански Египет на чело со Мухамед Али Паша и Османлиското Царство во 1833. Со договорот завршила Османлиско-египетската војна (1831–1833).
Потпишан | 1833 |
---|---|
Место | Ќутахија |
Потписници | Османлиско Царство Египетски вилает |
Според мировниот договор од Ќутахија, Сирија и Адана биле дадени на Египет[1] , а Ибрахим Паша станал генерален гувернер на двете провинции. Подоцна истата година Русија и Османлиите го потпишале договорот според кој двете земји се согласиле на заемна помош доколку една од двете империии влезе во конфликт со некоја друга земја.
Наводи
уреди- ↑ „Convention of Kütahya“. Encyclopædia Britannica Online. 2011. Посетено на 2011-03-18.