Договорот на цртачот (филм)
Договорот на цртачот (англиски: The Draughtsman's Contract) - британски филм од 1982 година, во режија на Питер Гринавеј, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Ентони Хигинс, Џенет Сузман, Ан-Луис Ламберт, Хју Фрејзер, Нил Канингам, Дејв Хил и Дејвид Гант. Филмот освоил една награда и имал уште три номинации, вклучувајќи ја и онаа за „Златен лав“ на Венецијанскиот филмски фестивал.[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива во 17 век. На имотот на благородникот Херберт (го игра Хил) пристига сликарот Невил (го игра Хигинс). Тој склучува договор со госпоѓата Херберт (ја игра Сузман) со кој се обврзува да нацрта 12 скици на имотот, но договорот предвидува тој да има сексуални односи со госпоѓата. Подоцна, тој склучува ист таков договор и со ќерката на Херберт, госпоѓицата Талман (ја игра Ламберт). На сите цртежи на Невил се појавуваат одредени чудни детаљи чие значење доаѓа до израз дури подоцна. Имено, по завршувањето на последниот цртеж е пронајдено мртвото тело на господинот Херберт, но не се знае убиецот. Управникот на имотот Нојес (го игра Канингам) ја наговара вдовицата Херберт да ги откупи цртежите на Невил, а тоа го прави господинот Талман (го игра Фрејзер), кој пак ја обвинува својата сопруга за неверство со Невил. По завршената работа, Невил го напушта имотот, но по некое време се враќа назад и ја замолува вдовицата Херберт да нацрта уште еден цртеж. Тогаш, тој дознава дека бил искористен така морал да има сексуални односи со госпоѓата Талман со цел таа да забремени и така да обезбеди наследник на имотот. Додека Невил го црта цртежот, него го опколуваат господинот Талман, управникот Нојес, господинот Симур (го игра Гант) и уште неколку луѓе. Тие најпрвин го ослепуваат Невил, ги палат неговите цртежи, а потоа го убиваат.[2]