Димона (хебрејски: דִּימוֹנָה) е град во Израел. Градот се наоѓа во пустината Негев, на околу 30 км југоисточно од градот Бершеба и 35 км западно од Мртвото Море. Административно Димона е дел од Јужниот округ. Според податоците од 2019 година градот имал население од 34.500 жители. На 13 км југоисточно од градот се наоѓа реакторот „Димона“, или Центар за јадрено истражување Шимон Перес.

Димона
דִּימוֹנָה
град
Hebrew транскр.
 • ISO 259Dimonah
Птичји поглед кон Димона
Птичји поглед кон Димона
Лого на Димона
Амблем
Држава Израел
ОкругЈужен
Основан1955
Управа
 • ГрадоначалникБени Битон
Население (2019)
 • Вкупно34,500
Мреж. местоhttp://www.dimona.muni.il

Етимологија

уреди

Името на градот како такво било избрано во чест на библискиот истоимен град.[1]

Демографија

уреди

Димона многумина ја опишуваат како „мини-Индија“ за нејзината индиска еврејска заедница од 7.500 жители.[2] Исто така, тој е дом на израелската црно-хебрејска заедница, порано управувана од нејзиниот основач и духовен водач, Бен Ами Бен-Израел, сега починат.[3] Црните Евреи бројат околу 3.000 во Димона, со дополнителни семејства во Арад, Мицпе Рамон и областа Тиверија. Нивниот официјален статус во Израел бил постојан проблем многу години, но во мај 1990 година, ова прашање било решено со издавање на првите В/ 1 визи, а една година подоцна, со издавање на привремен престој. Статусот бил продолжен до август 2003 година, кога израелското Министерство за внатрешни работи дал постојан престој.

Економија

уреди

Во раните 1980-ти, текстилните погони, како што е „Димона Текстилс“ , доминирале во индустрискиот сектор. Многу погони оттогаш се затворени. Dimona Silica Industries Ltd. произведува таложени полнила за силика и калциум карбонат. Околу една третина од населението на градот работи на индустриски работни места (хемиски постројки во близина на Мртвото Море) и друга третина во областа на услугите. Како резултат на воведувањето на нови технологии, многу работници станале технолошки вишок во последните години, создавајќи вкупна стапка на невработеност од околу 10%. Димона презел дел од соларната трансформација на Израел. Индустрискиот комплекс Ротем надвор од градот има десетици соларни огледала кои ги насочуваат сончевите зраци врз кула која пак го загрева котелот со вода за да создаде пареа, активирајќи турбина за создавање електрична енергија.[4][5]

Географија

уреди

Димона е локиран во пустината Негев. Градот е на надморска висина од 550–600 метарs (1,800–1,970 ст).

Димона има полупустинска клима. Просечната температура е 18.5 °C.

Климатски податоци за Димона
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 15.1
(59.2)
16.6
(61.9)
19.7
(67.5)
23.7
(74.7)
28.2
(82.8)
30.9
(87.6)
31.9
(89.4)
32
(90)
30
(86)
27.5
(81.5)
22.3
(72.1)
16.8
(62.2)
24.56
(76.24)
Сред. дневна °C (°F) 10.4
(50.7)
11.6
(52.9)
14
(57)
17.4
(63.3)
21.1
(70)
23.7
(74.7)
25
(77)
25.2
(77.4)
23.5
(74.3)
21
(70)
16.7
(62.1)
12
(54)
18.47
(65.28)
Прос. ниска °C (°F) 5.8
(42.4)
6.6
(43.9)
8.4
(47.1)
11.1
(52)
14.1
(57.4)
16.5
(61.7)
18.2
(64.8)
18.5
(65.3)
17.1
(62.8)
14.6
(58.3)
11.1
(52)
7.3
(45.1)
12.44
(54.4)
Прос. врнежи мм (ин) 47
(1.85)
42
(1.65)
39
(1.54)
11
(0.43)
3
(0.12)
0
(0)
0
(0)
0
(0)
0
(0)
4
(0.16)
24
(0.94)
43
(1.69)
213
(8.39)
Извор: [6]

Збратимени градови

уреди

Димона е збратимен со:

Наводи

уреди
  1. Carta's Official Guide to Israel and Complete Gazetteer to all Sites in the Holy Land. (3rd edition 1993) Jerusalem, Carta, p. 136, ISBN 965-220-186-3
  2. Rockets hit `mini-India` town in Israel Zee News, 10 July 2014
  3. „Ben Ammi“. African Hebrew Israelites of Jerusalem. Посетено на October 7, 2012.
  4. Calif. solar power test begins — in Israeli desert, Associated Press, June 12, 2008. Retrieved December 23, 2008.
  5. Israel site for California solar power test, Ari Rabinovitch, Reuters, June 11, 2008.
  6. „Climate: Dimona“. September 2019.

Надворешни врски

уреди