Димитри Соле Љубин

Димитри Соле Љубин (Велес, 6 септември 1978) — македонски поет и писател.

Животопис

уреди

Димитри Соле Љубин е роден во Велес, на 6 септември 1978 година. Со основно и гимназиско образование се стекнал во родниот град. Своето образование го продолжува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот во Перуџа, Италија. Се стекнал со титулата Професор по италијански јазик и книжевност и македонски јазик. Земал учество на повеќе фестивали и поетски средби во земјата и во странство. Во 2010 година е единствен претставник од Балканските земји на реномираниот фестивал Самерлид во Стразбур, Франција (https://summerlied.org), каде се претставува со огромен успех. Во 2015 година, во рамките на Свечената академија за Св.Кирил и Методиј во Библиотеката на град Белград, Србија, го претставува целокупното творештво пред тамошната публика. Во 2018 година, на покана од Македонското културно друштво Македонија, настапува заедно со хорот „Билјана“ во Љубљана, Словенија, говорејќи стихови од неговата збирка поезија „Во Софиските градини - Рајски дворови“. Тиражот од неговите „Сончеви симболи“ - Макавеј 2004г., „Нож и пердув“ - Антолог 2010г. и „Калина и бикот“ – авторско издание 2014г., е целосно распродаден.

Објавени дела:

  • „Сончеви симболи“ - збирка поезија, 2004, Скопје, издавачка куќа „Макавеј“
  • „Нож и пердув – Заминување на перјанинот“ – роман, 2010, Скопје, издавачка куќа „Антолог“
  • „Калина и бикот“ – роман, 2014, Скопје, авторско издание

Соавторски изданија:

  • „Вечер на млади поети“ – поезија, 1995, Велес
  • „Поетри слем“ – поезија, 2010, Прилеп
  • „Ноќи без интерпункција“ – поезија, 2010, Струшки вечери на поезијата, Струга
  • „Самерлид“ – поезија, 2010, Стразбур, Франција
  • „Антологија на современата македонска авангардна поезија“ – поезија, 2012, Скопје, издавачка куќа „Феникс“
  • „Поетри слем“ – поезија, 2013, Прилеп
  • „Едно“ – поезија, 2014 Скопје, Автономен Културно Социјален Центар
  • „Поетри слем“ – поезија, 2014, Прилеп
  • „100 илјади поети за промена“ – поезија, 2014, Струмица
  • „Поетискон – Едиција I“ – Школа за поезија – Делегација Македонија, 2016
  • „Метрички карван“ – поезија, 2016, Гевгелија
  • „Златен меч на времето“ – поезија, 2017, Велес
  • „Велес“ – годишно списание за поезија и книжевна критика, 2018, Велес
  • „Поетри Слем“ – поезија, 2019, Прилеп

Земал учество на следниве фестивали и културни манифестации:

  • „Млади поети“ – Велес, 1995
  • „Рацинови средби“ – Велес, 2001
  • „Каирос во Загреб“ – четврт меѓународен поетски фестивал, Загреб, Хрватска, 2006
  • „Поетри слем“ – Прилеп,  2010, 2013, 2014 и 2019 година
  • „Струшки вечери на поезијата“ – Струга, 2010 и 2012 година
  • „Самерлид Фестивал“ – Стразбур, Франција 2010
  • „Фестивал на нациите“ – Фрибург, Швајцарија, 2010
  • „БОШ Фестивал“ – Гевгелија, 2010
  • „Едно“ – Скопје, 2014
  • „Поетри слем“ – Тетово, 2015
  • „Поетри слем“ –Кавадарци, 2015
  • „Поетри слем“ – Битола, 2015
  • „Свечена академија за Св.Кирил и Методиј“ – претставување на целокупното творештво на авторот, Белград, Србија, 2015
  • „Д – Фестивал“ – Дојран, 2015
  • „Астални проекции“ – Скопје, 2015
  • „Д – Фестивал“ – Дојран, 2016
  • „Творештвото на Димитри Соле Љубин“ – Народен Театар „Ј.Х.К. Џинот“, Велес, 2018
  • „Поетска вечер со Љубин“ – Партизански певски збор, Љубљана, Словенија, 2018

Наводи

уреди