Димитар Димитровски

Димитар Димитровски - Такец ( 1922 - Битола, 1 мај 2015) — македонски новинар, писател и публицист, сликар и композитор. Најпознат е како дојаен на битолското и македонското новинарство.

Димитар Димитровски - Такец
Роден 1922
Починал 1 мај 2015
Битола,  Македонија
Занимање новинар, писател, сликар и композитор

Животопис

уреди

Такецот е роден во 1922 година. Во својата долгогодишна творечка активност на повеќе полиња дал своевиден прилог во културното, ликовното, поетско и музичко движење во Битола. Студирал право во Софија и Белград. Работел како правен референт, селски учител и новинар, каде најголем дел од кариерата ја минал во Нова Македонија, Битолски весник и Радио Битола. Истражувал материјали за браќата Манаки, за Мустафа Ќемал Ататурк, за Вагнер, за Димитрие Лала и др. Во сликарството остварил 16 самостојни изложби и напишал 20 музички композиции. Бил член на Македонското научно друштво. Починал во Битола на 1 мај 2015 година.[1]

Наводи

уреди
  1. Почина познат македонски новинар. Архивирано од изворникот на 2015-05-03. Посетено на 2015-05-03.