Димитар Далипов
Димитар Далипов или Далипо (Δημήτρης Νταλίπης}}, Димитрис Далипис) e андартрски капетан, деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија.
Димитар Далипов | ||
Роден | ? Габреш, денес Грција | |
---|---|---|
Починал | 19 ноември 1906 Ошчима, денес Грција |
Животопис
уредиДимитар Далипов е роден во костурското село Габреш, денес Гаврос, Грција. Се вклучил во редовите на Македонската револуционерна организација и учествувал во Илинденското востание.
По засилувањето на грчката вооружена пропаганда се приклонил кон грчката кауза и ги помагал Коте Христов и Павлос Мелас. Бил поставен на чело на една андартска чета која ја обиколувала Западна МАкеедонија, а по смрта на Мелас соработувал со Георгиос Катехакис (Рувас), Евтимиос Каудис и Јоанис Каравитис.
Во 1905 година заедно со Катехакис и Павел Киров учествувал во борбата кај Желево.
На 19 ноември 1906 година заедно со Павел Киров во селото Ошчима имал судир со четите на Пандо Кљашев и Митре Влаот, во борбата загинале Димитар Далипов и Киров [1][2][3].
Во 1960 година во Габреш е подигнат негов споменик [4].
Извори
уреди- ↑ Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр. 221.
- ↑ Γενικό Επιτελείο Στρατού, Διεύθυνσις Ιστορίας Στρατού, Ο Μακεδονικός Αγών και τα εις Θράκην γεγονότα, Αθήνα 1979, σσ. 107, 111, 155, 297
- ↑ Ιωάννης Σ. Κολιόπουλος (επιστημονική επιμέλεια), Αφανείς, γηγενείς Μακεδονομάχοι, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, University Studio Press, Θεσσαλονίκη, 2008, σελ. 76
- ↑ "Εκεί που χάνονται τα αγάλματα". Κυριακάτικη Ελευθεροτυπία, 26/11/2000.