Дил (герм. Dill) — река што тече низ средишниот дел на покраината Хесен, Германија и има должина од 55 км. Таа е десна притока на Лана, во која се влева кај градот Вецлар.

Дил
Местоположба
Физички особености
УстиеЛана
50°33′3″N 8°29′18″E / 50.55083° СГШ; 8.48833° ИГД / 50.55083; 8.48833
Особености на сливот
ТечениеЛанаРајнаСеверно Море

Течение

уреди

Реката тече исклучиво низ округот Лана-Дил во Хесен. Извира на надморска височина од околу 567 м,[1] северно од Хајгер-Офдилн на источните падини на планинскиот предел Хајнски Вис (Haincher Höhe), кајшто се среќаваат венците Ротаргебирге и Вестервалд. Течението има приближна насока од север кон југ и минува низ местата Хајгер, Диленбург, Херборн, Аслар, за на крај да се влее во Лана кај Вецлар.

Многу места по течението имаат имиња изведени од реката. Во горното течение, такви се Одфилн, Дилбрехт, Фелердилн, Диленбург, а подолу се среќава Дилхајм.

Притоки

уреди

Гледано низводно, најголеми притоки на Дил се: Росбах, Хајгербах, Аубах, Донсбах, Дицхелце, Нанценбах, Шелде, Ар, Амбах, Ребах, Лемп и Блазбах.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди