Дили (општина)
Дили (португалски: Município Díli, тетум: Munisípiu Dili) — една од 13-те општини, поранешни окрузи, на Источен Тимор, во кои спаѓа и главниот град Дили. Има население од 277 279 жители заклучно со 2015 година, од кои повеќето живеат во главниот град. Општината има површина од 368,12 км2 (142,13 квадратни милји).[1]
Дили Dili | ||
---|---|---|
Општина | ||
Катедрала во Дили | ||
Мапа на Источен Тимор, истакнувајќи ја општината Дили | ||
Држава | Источен Тимор | |
Главен град | Дили | |
Површина | ||
• Вкупна | 367 км2 (142 ми2) | |
Население | ||
• Вкупно | 277 279 | |
• Густина | 760/км2 (2,000/ми2) | |
Час. појас | UTC+9 (UTC+9) | |
ИЧР (2017) | 0.733 high |
Историја
уредиВо 1520 година Португалците ја основале населбата Дили во истоимениот залив. Од 10 октомври 1769 година, откако Португалците беа протерани од Лифау, Дили станува главен град на колонијата. Во 1912 година бил одбиен нападот врз Дили за време на големиот бунт на Мануфахи.
Ноќта на 19-20 февруари 1942 година, јапонските трупи слетаа во Дили и ја окупираа неутралната колонија до 1945 година.
Во 1974 избувнува граѓанска војна, а во 1975 Источен Тимор е окупиран од Индонезија. Дили потпаѓа под Индонезиска власт, а врз населението на градот Дили е вршен терор.
Во 1999 Индонезиските војски се повлекуваат од Источен Тимор и Дили е ослободен.
Географија
уредиДили е најмалата општина во Источен Тимор по површина, а има најбројно население. Лежи на северниот брег на островот Тимор на Савуанското Море. Се граничи со општините Манатуту на исток, Ајлеу на југ и Ликиса на запад. Островот Атауро, на север од општината спроти главниот град, е едно од неговите административни места.
Дили е економски и политички центар на Источен Тимор.
Население
уредиНаселението на општината заклучно со 2015 година е 277 279 жители; за споредба, во 2004 година населението броеше 173 541 луѓе. Густината на населението е 760 луѓе / км². Просечната возраст на населението е 20,8 години, што е значително повисоко од националниот просек од 18,8 години. Помеѓу 1990 и 2004 година, просечниот годишен раст на населението е 2,53%. Значителен дел од зголемувањето се должи на имиграцијата од другите региони на земјата. Само 54% од населението на Дили е родено во областа.[2]
Околу 81% од популацијата зборува тетум како мајчин јазик. 25,8% од популацијата се неписмени (29,1% жени и 22,9% мажи). Средно училиште завршиле 37,7% од лицата над 18 години (33,8% од жените и 41,0% од мажите).
Заклучно со 2004 година, 93,3% од населението се католици; 0,5% - приврзаници на традиционалните анимистички верувања; 4,5% се протестанти и 1,1% се муслимани; 0,2% се будисти и 0,1% се хиндуси.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Norman, James (2017-02-11). „Environmental concerns for Timor-Leste cement project“. The Saturday Paper (англиски). Посетено на 2020-11-15.
- ↑ „Попис 2010“ (PDF).