Дизел-гориво
Дизел-горивото е гориво, еден од главните производи од преработката на нафтата. Се дестилира на температура помеѓу 170 и 360 °C, а служи за погонот кај дизел моторите. Постојат: екстра лесно гориво (за брзи машини со ниска температура во околината), лесно дизел-гориво (каде температурите не се ниски) и средно и тешко дизел-гориво (за стабилни дизел мотори и дизел мотори на бродовите). Дизелот како дериват на нафтата е составен од 75% од парафини и циклопарафини и 25% ароматични јагленоводороди (вклучувајќи нафталин и алкилбензен). Средната хемиска формула за најчестото дизел-гориво C12H23, измеѓу C10H20 и C15H28.
Квалитетот на горивото го одредува цетанскиот број (квалитет на запалливост). Тој не смее да биде поголем поради тоа што предизвикува непотполно согорување и појава на чад во гасовите од согорувањето. Неговиот минимум е помеѓу 25 и 45 во зависност од типот на дизел-горивото.
Енергетска вредност
уредиДизел-горивото гори според следнава равенка:
2C8H18(l) + 2502(g) 16CO2(g)+ 18H2O(l) + 10.86 MJ
Така на секој килограм гориво се добива околу 41 МЈ енергија, која дел од возилата ја користат за погон. На прост воздух, нафтата гори со поврзување со азот, кој во воздухот го има најмногу.
C8H18(l) + 12.502(g) + N2(g) 6CO2(g) + 2CO(g) + 2NO(g) + 9H2O(l) + Energija
Дизел-горивото има неколку поголема енергетска (калориска) вредност, поради тоа што искористувањето на дизел-моторот е подобро (тука се и останатите фактори, кои го прават искористувањето поголемо). Од друга страна, кај согорувањето на дизел-горивото се создава поголемо количество на јаглерод диоксид СО2, а кај непотполното согорување (помалку кислород) се создаваат. Во тој случај, дизелското гориво е поштетно од бензинското гориво (пр. во Јапонија автомобилите кои користат дизел-мотори се забранети).
Поврзано
уредиОваа статија од областа на хемијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |