Дива
Дива е позната женска пејачка. Овој термин се употребува за да се опише жена која има извонреден талент во операта, како и во театарот, филмот и забавната музика. Значењето на зборот дива се поврзува со значењето на зборот прима дона.
Потекло на зборот
уредиВо англискиот јазик, зборот навлегол во 19-от век. Потекнува од италијанската именка diva што значи „женско божество“. Множината од зборот гласи „диви“ а на италијански dive. Основното значење на зборот е божица[1][2] женски род од латинскиот збор divus (италијански јазик divo), некогаш дефинирано спорд смртта, или латинскиот deus, Бог.[3] Зборот е сроден со Хинду терминот Ѓавол кој значи божица (машки род Дева што значи Бог) што потекнува од санскритскиот јазик, еден од најраните Индоевропски јазици;[4] зборот исто така е сроден со авестискиот јазик, негирајќи го зороастрискиот концепт на Daevas и литванскиот зборе deivė, што значи женско божество.
Машката форма divo постои во италијанскиот јазик и се употребува за тенори, како Енрико Карусо и Бенјамино Гигли. Италијанскиот термин divismo опишува ѕвезден систем во филмската индустрија. Во модерниот италијански, diva и divo едноставно ги опишуваат посакуваните познати личности, осовено филмските глумици и глумци и може да биде преведено како „(филмска) ѕвезда“. Екстравагантниот восхит на дивите е заеднички елемент на камп културата.[5]
Употреба во популарната култура
уредиТерминот Дива бил инспирација за создавање голем број песни, дела како и филмови.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Online Etymology Dictionary“. Etymonline.com. Посетено на 24 октомври 2012.
- ↑ Списанието ТАЈМ во еден од своите изданија од 21 октомври 2002 изјавил: „Според дефиницијата, зборот дива бил оригинално користен за талентирани женски опера пејачи, речиси секогаш сопрано.“
- ↑ Варек, Џон и Вест Еван (1992), The Oxford Dictionary of Opera
- ↑ „Devi, a Proto-Indo-European Goddess“. Piereligion.org. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2021. Посетено на 24 октомври 2012.
- ↑ Милнес, Ендру (2002). „Vamps, camps and archetypes: gay men, the diva phenomenon and the inner feminine“. Arts.usyd.edu.au. Архивирано од изворникот на 2009-09-04. Посетено на 24 октомври 2012.
Надворешни врски
уредиВидете diva или prima donna во Викиречник, слободниот речник. |
- Грејс, Џон (4 февруари 2006). „Who'd be an Opera diva?“. The Guardian. Посетено на 24 октомври 2012.