Дејан Алексиќ
Дејан Алексиќ (роден на 1 мај 1972) — српски книжевник[1]. На книжевната сцена се појавил во средина на деведесеттите, со првото објавено дело на 22 годишна возраст. Победил на Фестивал на поезија на млади во Врбас во 1995 година. Се смета за еден од најзначајните книжевни творци на помладата генерација. Неговите песни се сместени во бројни зборници и антологии, а преведуван е на англиски, германски, норвешки, бугарски, грчки, македонски, унгарски, словачки, словенечки и руски јазик.
Дејан Алексиќ | ||
Роден | мај 1, 1972 | |
---|---|---|
Националност | Србин | |
Познат | книжевност |
Живее во Краљево и работи како уредник за поезија во книжевното списание Повеља.
Библиографија и награди
уредиКниги со песни:
- Потполн говор (Потпуни говор) (1995), ,, Бранкова награда“
- Докажување на сенката (Доказивање сенке) (1996)
- Секојдневен час (Свагдашњи час) (2000), ,, Просветина награда“, Награда „ Матиќев шал“
- Собна митологија (2003)
- Потоа (После) (2005), Награда „ Бранко Миљковиќ“
- Доволно Довољно (2008), Награда на САНУ „ Бранко Ћопиќ“
- Единствено ветер(Једино ветар) (2011), Награда „ Меша Селимовиќ“
- Да се биде (Бити) (2013), Змајева награда на Матица српска, награда ,,Ристо Ратковиќ"
Поезија и книжевен стил
уредиПоезијата на Дејан Алексиќ најчесто се одликува како неосимболистичка, иако оваа класификација е премногу груба за специфичниот израз на неговите дела. Самиот автор како извор на својата поезија ги наведува поетите со симболистичка ориентации како што се Јован Дучиќ, Милан Ракиќ, Иван Лалиќ и Бранко Миљковиќ, иако тематскиот и стилскиот опсег на неговите дела ги надминува рамките на симболизмот и несимболизмот. Многу често користи класични форми и облици со посебен интерес за прашањето на односот помеѓу формата и содржината, што особено се гледа во потребата да пишува во врзан стих, иако тоа не е чест случај со авторите на помладата генерација.
Наводи
уреди- ↑ „Dejan Aleksic - naslednik najboljih“. kraljevo.com (српски). Архивирано од изворникот на 2020-09-28. Посетено на 2021-01-15.