Демиркаписки Остров
речен остров во Македонија
Демиркаписки Остров — речен остров во Вардар кај селото Кошарка, во средишниот дел на Македонија. Тој е еден од десетте средореци (површина над 1 хектар) во Вардар и е трет најголем речен остров (средорек) во Македонија.[1]
Поглед на островот | |
Географија | |
---|---|
Место | Вардар |
Координати | 41°23′34.1″N 22°19′08″E / 41.392806° СГШ; 22.31889° ИГД |
Површина | 0,05 км2 |
Должина | 550 м |
Ширина | 120 м |
Брегова линија | 1,3 км |
Држава | |
Општина | Демир Капија |
Село | Кошарка |
Демографија | |
Население | 0 (2021) |
Местоположба
уредиОстровот се наоѓа во средишниот дел од Демиркаписката Клисура.[2]
Опис
уредиДолжината на островот во правец сецерозапад-југоисток е околу 550 м, а неговата широчина изнесува околу 120 м, со што зафаќа површина од околу 4,8 ха.[3] Вкупната должина на бреговата линија изнесува 1,3 км. Вегетацијата на островот се состои од дрвја, а има и богат животински свет. Островот обично е посетуван од рибари.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Колку острови има во Македонија?“. 5.6.2020. Посетено на 25 февруари 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 2,0 2,1 Група автори (2016). „Речни острови“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 161. ISBN 978-9989-110-90-0.
- ↑ Милевски, И. (2013). „За островите во Република Македонија“. Географски разгледи, 47: 31–46.
Надворешни врски
уреди- Демиркаписки Остров на Ризницата ?