Декалог 2
„Декалог 2“ (полски: Dekalog, dva) — полски телевизиски филм од 1988 година, во режија на Кшиштоф Кишловски (Krzysztof Kieślowski), кој е и автор на сценариото, заедно со Кшиштоф Пјесјевич (Krzysztof Piesiewicz). Филмот е вториот дел од низата составена од десет едночасовни филмови на Кишловски, инспирирани од десетте божји заповеди. Главните улоги ги играат: Кристина Јанда (Krystyna Janda), Александер Бардини (Aleksander Bardini), Олгјерд Лукашјевич (Olgierd Łukasiewicz) и Артур Барциш (Artur Barciś).[1]
Содржина
уредиДорота го посетува во болницата својот сопруг Анджеј, кој е на умирање. Таа е бремена, но со друг човек. Затоа, го прашува лекарот дали Анджеј ќе умре, со намера да изврши абортус ако тој преживее, а да го роди бебето ако тој умре. Лекарот ѝ кажува дека Анджеј нема да преживее, меѓутоа пациентот неочекувано закрепнува...