Декалог 1
„Декалог 1“ (полски: Dekalog, jeden) — полски телевизиски филм од 1988 година, во режија на Кшиштоф Кишловски (Krzysztof Kieślowski), кој е и автор на сценариото, заедно со Кшиштоф Пјесјевич (Krzysztof Piesiewicz). Филмот е првиот дел од низата составена од десет едночасовни филмови на Кишловски, инспирирани од десетте божји заповеди. Главните улоги ги играат: Хенрик Барановски (Henryk Baranowski), Војчех Клата (Wojciech Klata), Маја Коморовска (Maja Komorowska), Артур Барциш (Artur Barciś) и Марија Гладковска (Maria Gładkowska).[1]
Содржина
уредиКшиштоф го запознава својот мал син Павел во работата на личните сметачи. Зима е и Павел едвај чека да го проба својот нов пар лизгалки, па бара од татко му дозвола да се лизга на блиското езеро, кое е замрзнато. Двајцата проверуваат на сметачот дали мразот може да ја издржи тежината на Павел и таткото му дава дозвола на синот. Меѓутоа, Павел не се враќа дома, зашто во меѓувреме времето неочекувано се затоплило, па сметачот пресметал погрешни и Павел се удавил. Очаен, Кшиштоф истрчува во црквата и паѓа пред олтарот...