Девојки, девојки, девојки! (филм од 1962)
Девојки, девојки, девојки! (англиски: Girls, Girls, Girls!) - американски филм од 1962 година, во режија на Норман Таурог, според сценариото на Алан Веис и Едвард Анхалт. Главните улоги ги играат: Елвис Пресли, Стела Стивенс, Лорел Гудвин и Џереми Слејт.
Синопсис
уредиМорнарот и рибарот Рос Карпентер (го игра Пресли) сонува да има сопствен брод. Кога ќе дознае дека неговиот шеф оди во пензија, тој бара начин како да најде пари за да го купи бродот „Вествинд“ (Westwind). Истовремено, неговиот живот станува уште повозбудлив по средбата со две девојки: бесчувствителната пејачка Робин (ја игра Стивенс) и слатката Лорел (ја игра Гудвин)...[1]
Наводи
уреди- ↑ „HRT (пристапено на 9.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-12-18. Посетено на 2017-12-16.