Девојките само сакаат да се забавуваат (филм)
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Девојките само сакаат да се забавуваат (1985) е еден од многу филмови со танцување кои преплавија во 1980-тите години, како резултат на успехот на Флешденс (Flashdance) и Footloose.
Во филмот глумат Сара Џесика Паркер и Хелен Хант, а улога, од денес попознатите, има и Шенон Доерти.
Истоимената песна на Синди Лопер не е употребена во овој филм. Наместо неа, има неубедлива преработка на песната испеана од непознатите Дебора Гали, Тами Холбрук и Мередит Маршал.
Заплет
уредиЏејни Глен (Сара Џесика Паркер) се доселува во градот и набрзо се среќава со Лин (Хелен Хант), која исто како Џејни е заинтересирана за танцување, а посебно за "Dance TV". Кога ќе биде објавен конкурс за пронаоѓање на пар танцувачи за Dance TV, Џејни и Лин одлучуваат да одат на аудиција. Единствениот проблем е што конзервативниот татко на Џејни не ја одобрува аудицијата.
Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |