Девојка-ѕвер
Девојка-Ѕвер! — збирка раскази од рускиот писател Едвард Лимонов, објавена во 2007 година во издание на „Темплум“, како 58. книга во рамките на едицијата „Магма“. Изборот на расказите и преводот од руски јазик е дело на Павел Попов. Оваа книга е прв превод на творештвото на Лимонов на македонски јазик, а во неа се застапени раскази од три збирки на авторот: „Девојката ѕвер“, „Вообичаените инциденти“ и „Книга на водата“.[1]
Технички одлики
уредиЗбирката е печатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 128 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-189-06-7. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Точка“. На предната корица е наоѓа слика на Paul Cava, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на објавените книги во едицијата „Магма“.[1]
Содржина
уредиЗбирката содржи 12 раскази, а покрај нив, на крајот од книгата е дадена биографија на авторот. Во збирката се застапени следниве раскази:[1]
- Девојката-ѕвер
- Мутант
- Тихиот Океан, Pacific Grows
- Хадсон ривер
- Салата „Ница“
- Средоземно Море, Ница
- Јадранско Море, Венеција
- Дунав
- Дождот во Москва
- Нева
- Енисеј
- Морнарчето пристигна дома, треперејќи ја отвора вратата