Девојката што паѓа

Девојката што паѓа — збирка раскази од италијанскиот писател Дино Буцати (Dino Buzzati), објавена во 2005 година во издание на „Темплум“, како 34 книга во рамките на едицијата „Магма“. Преводот од италијански јазик е дело на Радица Никодиновска, Кристина Плечиќ, Елена Николовска и Драган Христов.

Технички одлики

уреди

Збирката е печатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 158 страници. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-902-66-6. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Точка“. На предната корица е наоѓа слика на Ѓорѓе Јовановиќ, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на објавените книги во едицијата „Магма“. Издавањето на книгата било финансиски поддржано од Министерството за култура.[1]

Содржина

уреди

Збирката „Девојката што паѓа“ содржи 18 раскази, преземени од две збирки на Буцати: „Продавница на тајни“ (La boutique del mistero) и „Тешки ноќи“ (La notti difficili). Покрај расказите, на крајот од книгата е дадена куса биографија на авторот. Во збирката се застапени следниве раскази:[1]

  • Седумте гласници
  • Седум ката
  • Ходникот на големиот хотел
  • Грпки во градината
  • Волшебното палто
  • Ајфеловата кула
  • Девојката што паѓа
  • Живот
  • Бабау
  • Еквивалентност
  • Влијание на ѕвездите
  • Алиас во улицата Сезостри
  • Трошност
  • Глобален протест
  • Деликатност
  • Љубовно писмо
  • Пеперутче
  • Полна месечина

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Дино Буцати, Девојката што паѓа, Темплум, Скопје, 2005.