Дворско стопанство
Дворско или палатинско стопанство[1] е систем на стопанска организација во која богатството тече од едно место („палатата“), кое подоцна доаѓа до обичниот народ, кои немаат друг извор на приходи. Во ваквото стопанство, поделбата на трудот води до безработна елита, класа на бирократи, и класа на издржни земјоделци. Овој систем може да се опише како комбинација од планско стопанство и издржно стопанство.
Запишани примери за дворско стопанство се микенското и минојското општество во Стара Грција, но и многу други прединдустриски општества.
Современото стопанство на Северна Кореја може да се рече дека е дворско стопанство. Државата во целост управува со него, и е толку неефикасно што населението ѝ зависи од странска помош за да преживее[се бара извор].
Наводи
уреди- ↑ Lukas de Blois; R.J. van der Spek (1997). An Introduction to the Ancient World. Преведено од Mellor, Susan. Routledge. стр. 56–60. ISBN 0415127734.
Оваа статија од областа на економијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |