Дактил (месечина)
Дактил — мошне мала астероидна месечина со пречник од 1,6 км која кружи околу астероидот 243 Ида.[1] Сликан е од вселенското летало „Галилео“ на 28 август 1993 г. и откриен при испитување на задоцнетите слики од леталото на 17 февруари 1994 г. Ја добил привремената ознака S/1993 (243) 1.[2] Подоцна е наречен по митските суштества наречени дактили кои живееле на планината Ида според старогрчката митологија.[3]
Дактил сликан од „Галилео“ | |
Откривање | |
---|---|
Откриено | 17 февруари 1994 |
Ознаки | |
Наречена по | дактили |
Физички особености | |
Димензии | 1,6 км |
Месечината кружи околу Ида со период од 1,54 дена на просечно растојание од 108 км и наклон од 9° кон Идиниот екватор.[4]
Потеклото на Дактил е нејасно, но постојат две главни претпоставки. Првата вели дека Дактил и Ида нстанале истовремено, а според втората Дактил е откршен по удар на тело врз Ида.[5][6]
Дактил е првата откриена астероидна месечина. Неговото откривање ја разрешило долготрајната расправа за постоењето на астероидни месечини.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Asteroid 243 Ida and its newly discovered moon, Dactyl“. www.esa.int (англиски). Посетено на 11 август 2022.
- ↑ Clarke, Aubrey (28 август 2021). „NASA Galileo Spacecraft Continues to Fulfill Many Tasks After Passing by Asteroid Ida 28 Years Ago“. The Space Times.
- ↑ „In Depth | 243 Ida“. NASA Solar System Exploration. Посетено на 11 август 2022.
- ↑ Chapman, C. R.; Veverka, J.; Thomas, P. C.; Klaasen, K.; Belton, M. J. S.; Harch, A.; McEwen, A.; Johnson, T. V.; Helfenstein, P.; Davies, M. E.; Merline, W. J. (1995). „Discovery and physical properties of Dactyl, a satellite of asteroid 243 Ida“. Nature (англиски). 374 (6525): 783–785. Bibcode:1995Natur.374..783C. doi:10.1038/374783a0. ISSN 0028-0836. S2CID 4319450.
- ↑ Granahan, James (2002). „A compositional study of asteroid 243 Ida and Dactyl from Galileo NIMS and SSI observations“. Journal of Geophysical Research (англиски). 107 (E10): 5090. Bibcode:2002JGRE..107.5090G. doi:10.1029/2001JE001759. ISSN 0148-0227.
- ↑ Davis, Donald R.; Chapman, Clark R.; Durda, Daniel D.; Farinella, Paolo; Marzari, Francesco (1996). „The Formation and Collisional/Dynamical Evolution of the Ida/Dactyl System as Part of the Koronis Family“. Icarus (англиски). 120 (1): 220–230. Bibcode:1996Icar..120..220D. doi:10.1006/icar.1996.0047.
Надворешни врски
уреди- 243 Ида и Дактил — Деветте планети (англиски)
- Астеороидот Ида и Дактил — Погледи на Сончевиот Систем (англиски)
- Откривањето на Дактил објавено во IAUC 5948 (англиски)
- Именувањето на Дактил објавено во IAUC 6082 (англиски)
- Слика на Ида и Дактил со лажни бои за приказ на површинските разлики