Дафина Зеќири

Дафина Зеќири позната како (Дафи) родена е на 13 април 1989 година во Верберг, Шведска.[1] Се враќа во Косово и веднаш се прославува. Со својата прва песна ,таа се најде на топ листите меѓу првите пејачи. Со нејзиниот убав глас и нејзиното танцување Дафина се смести меѓу најдобрите и најбараните пејачки во Косово. Дафи е нејзиното уметничко име. Првпат се појавува во музичката сцена кога имала само 4 години, а на свои 7 години пеела во хор во Шведска. Таа е една од најбараните текстописци на албанската музика. Кога имала само 10 години напишала неколку песни. Нејзиниот талент за музика и понатаму го развила во средно музичко училиште.

Дафина Зеќири
Дафина Зеќири
Биографски податоци
Познат(а) и какоДафи
Роден(а)13 август 1989
Верберг, Шведска
ПотеклоПриштина, Косово
Жанровипоп-музика
Занимањапејачка
Период на активност2007 година до денес

КариераУреди

2007 годинаУреди

Во полифест победува со песната, "Rrall e Përmall" (Ретко и Единствено)

2008 годинаУреди

Дафина се прослави во полифест со песната "Adios" и ја освои првата награда од публиката. Во истата година, го издава нејзиниот прв албум под наслов "KnockDown". Таа на фестивалот Këngën Magjike (Магична Песна) ја добива наградата "Magjia e Parë" (Првата Магија) со песната "Bateritë".

2009 годинаУреди

Дафина Зеќири се повеќе станува популарна и со танцување во емисијата "Op Labi Party (Нова година 2009)", тука се покажува најдобра и победува на натпреварот. Во текот на истата година, успехот го продолжува со две многу добродојдени соработки со познатите пејачи како Блеро& Ф-Кау со песната "La vida Loca" и со Capital-T & 2po2 "Shumë Nalt". Двете песни стана хитови во летото 2009 година. Во месец мај го освои "Best RNB" во Top Fest со песната "Dua Që Ta Di", која ја направи Дафина позната во Албанија. Веќе во август беше прогласена за жена "суперзвезда" во Teksteshqip.com, стануваќи директен конкурент на познатата пејачка Гента Исмајли. Во септември на фестивалот Полифес "Amazing Girl" ја освои наградата на публиката по третпат. Дафина Зеќири ја импресионираше публиката со два успешни клипови: "Shumë Larg" (Pulla Pictures) и "Amazing Girl" (Entermedia). Исто така и ја рекламира ТЕБ банк. Во 2010 година Дафина докажа дека има прекрасен вокал со пеење во живо на РТК, во емисијата "Oxygen". После успехот во емисијата Дафина Зеќири патува за Австралија за да сними спот на новата песна. Таа соработува со продуцентот Камерон Диаз, и со кореографот на познатата пејачка Бритни Спирс. Песната е на англиски јазик, бидејќи секој пејач има свој сон неговите песни да се емитуват на странските станици. Дафина дава изјава на интервју дека таа не гледа конкуренција, туку само ги почитува колегите. -„За мене имаат свое место,секој има свој стил.“ По освојувањето на наградата и добивање на трофејот Видео Фест co песната Me pelqen ја реализира рекламата за компанијата Танго, и стана блиска со пејачот Ледри Вула.

Во летото на 2011 година беше на вистина жешка ѕа љубителите на Дафина со нов видео клип "Dangerously In Love". Клипот се снимаше во Австралија од Imagine Creative. Муѕика и текст беа направени од Дафина, а уредувањето носи потпис од Cekic. Во поечетокот на октомври е иѕдадено клипот од песната "My Swag" реалиѕиран од Imagine Creative. Во 2012 Дафина беше номинирана на Видео фест и победил три награди „Best performance“, „Best styling“ и „Best Female“.После некоје време Дафина издава клип "Tonight" во соработка со пејачот Ледри Вула. Клипот Tonight во пок од две недели клипот имал над еден милион гледаност и беше слушен во многу земји. Во текот на годината Дафина се врати во Америка ѕа да има повеќе успех во музичката кариера. За празници Дафина се вратил во Косово со еден по убав стил, и со една нова песна во стилот на реге. Во 2013 година во текот на јануари Дафина напраил нов клип со песната ’Veq Ti’ и станала уште по популарна. И така во секоја година пејачката вадеше по неколку песни со спот. Дафина Зеќири има живот кој е многу контроверзно. Таа како малечка живеела само со мајка ѝ, затоа што со татко ѝ имаше многу проблеми. Исто така и се зборува и за нејзината љубовна врска која траеше две години. После некое време она признавал дека е во врска со пејачот Ледри Вула со кого работи и прави неколку убави песни кој се веднаш прифатени од обожавателите. Поради недоразбирање ја прекинува врската и заминува за Америка за да се соземе, но кога се врати во Косово вади нова песна со Ледри на која се гледа дека сè уште е заедно со него.

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди