Дау Џонс (англиски: Dow Jones Industrial Average) - најпознат берзански индекс во САД.

Индексот Дау Џонс е формиран во 1885 година. Него го сочинуваат 30 акционерски друштва со вкупна пазарна капитализација од 7,5 трилиони долари. Во составот на Дау Џонс влегуваат следниве друштва: Microsoft, Apple, JP Morgan Chase & Co., Johnson & Johnson, Walmart, Visa, Procter & Gamble, ExxonMobil, Walt Disney, Home Depot, Verizon, Кока кола, Dow, Chevron, UnitedHealth, Merck & Co., Боинг, Cisco Systems, Интел, Pfizer, McDonald's, IBM, United Technologies, Најк, American Express, 3M, Goldman Sachs, Caterpillar, Walgreens Boots Alliance и Travelers. Индексот се пресметува со методот на ценовно пондерирани просеци, при што акциите со повисоки пондер цени имаат поголемо влијание врз индексот од оние со понизок. Највисок пондер во индексот имаат акциите на „Боинг“, а по неа следуваат акциите на „Јунајтед хелт“.[1]

НаводиУреди