Дасанечи
Дасанечите се африкански народ кој живее во Етиопија, Кенија и Јужен Судан. Нивната татковина е зоната Дебуб Омо во јужна Етиопија. Според пописот од 2007 година, Дасанечите броеле 48.067 жители, од кои 1.481 жители се урбани жители.[1]
Дасанечите се сточарски народ. Сепак во последно време значително се намалил бројот на говеда кои ги одгледуваат, пред сè поради губење на земјиштето во Кенија и Судан. Како резултат на тоа, голем број од народот се преселил во долината на реката Омо, каде започнале со полјоделство. Мајчин јазик на народот е дасанечкиот јазик. Јазикот е дел од кушитските јазици, карактеристичен по големиот број на именски категории, неправилен глаголски систем и експлозивни согласки.
Дневен живот
уредиОвој народ е воглавно сточарски и земјоделски. Поради големите суши полјоделството е тешко за работење. Во однос на сточарството, најмногу одгледуваат кози и крави. Покрај тоа, дел од народот се занимава и со риболов и лов, особено на крокодили во езерото Туркана.
Жените се обрежани, односно отстранета им е дразницаот. Нивното обрежување е во намален степен за разлика од околните народи. Жените кои не се обрежани се нарекуваат животни или момчиња и не можат да се омажат или да носат облека. Исто така и момчињата се обрежуваат.
Наводи
уреди- ↑ "Census 2007" Архивирано на 4 јуни 2012 г., first draft, Table 5. A further 1,469 are recorded as being "Murle".
Дополнителни информации
уреди- Uri Almagor, "Institutionalizing a fringe periphery: Dassanetch-Amhara relations", pp. 96–115 in The Southern Marches of Imperial Ethiopia (ed. Donald L. Donham and Wendy James), Oxford: James Currey, 2002.
- Claudia J. Carr, Pastoralism in Crisis: the Dassanetch of Southwest Ethiopia. University of Chicago. 1977.
Оваа статија Јужен Судан е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |