Дара Хосрошахи
Дара Хосрошахи (персиски: دارا خسروشاهی или англиски: Dara Khosrowshahi, р. 28. мај 1969 год. во Техеран, Иран) е иранско-американски стопанственик и главен извршен директор на Убер. Хосрошахи претходно беше извршен директор на Експедија Групацијата која поседува повеќе агрегатори за туристички понуди. Тој исто така е член на одборите на BET.com и Hotels.com,[1] а претходно беше и на одборот на компанијата „Њујорк Тајмс“.[2]
Хосрошахи е на списокот на еминенти Американци со иранско потекло која е објавена од американската амбасада во Техеран.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Uber Announces New CEO Dara Khosrowshahi, What you need to know. - Page 2 of 6“. Todays Magazine (англиски). 2017-08-28. Посетено на 2020-04-11.
- ↑ „BRIEF-New York Times says Dara Khosrowshahi to resign from co board in light of his new role as Uber CEO“. Reuters (англиски). 2017-09-08. Посетено на 2020-04-11.
- ↑ „Prominent Iranian-Americans“. U.S. Virtual Embassy Iran (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-05-07. Посетено на 2020-04-11.