Дански знаковен јазик
Данскиот знаковен јазик (дански: Dansk tegnsprog, DTS) ― знаковен јазик што се користи во Данска.
Име на јазикот | ||
---|---|---|
Зборуван во: | Данска, Гренланд, Фарски Острови | |
Вкупно говорници: | 5,100 во Данска (2007); исто така во Гренланд | |
Јазично семејство: | ? Француски знаковен јазик
| |
Јазични кодови | ||
ISO 639-1: | нема | |
ISO 639-2: | — | |
ISO 639-3: | id=dsl dsl |
Класификација
уредиАнри Витман (1991)[1] го вметнал јазикот во француското знаковно јазично семејство поради сличностите во речникот. Петар Атке Кастберг студирал глувонемско образование во Европа две години (1803-1805), вклучително и на училиштето во Париз кај Шарл Мишел де л'Пе, и го основал првото училиште за глуви во Данска во 1807 година, каде што данскиот знаковен јазик бил развиен.[2] Точната врска помеѓу данскиот знаковен јазик и старофранцускиот знаковен јазик е непозната; Кастберг бил критички настроен кон „методичките знаци“ на л'Пе и исто така приемчив на месниот знаковен јазик во 1807 година, и затоа можел да воведе знаци од старофранцускиот знаковен јазик на веќе постоечки месен јазик (или домашен знак/знаци), наместо да бил изведен данскиот од старофранцускиот јазик. Во секој случај, Кастберг вовел рачна азбука со една рака во 1808 година, која се засновала на шпанската рачна азбука. Во 1977 година, Данското здружение на глуви ја усвоило „меѓународната рачна азбука“, што била скоро точна копија на рачната азбука од САД, со мали разлики и дополнителни знаци за æ, ø и å.
За норвешкиот знаковен јазик главно се смета дека е потомок на данскиот. Сепак, може да биде мешавина од данскиот и автохтон знак, напоредно со ситуацијата помеѓу шведскиот знаковен јазик и финскиот знаковен јазик.[2]
Исландскиот знаковен јазик е поблизок; 37% од множеството анализирани знаци (Алдерсон 2006) биле целосно различни во структурата и други 16% биле слични, но не и исти. Фарскиот знаковен јазик и гренландскиот знаковен јазик се појасни наречја на данскиот.
Стебло на данското знаковно јазично семејство:
француски знаковен (ок. 1760–досега) | месен/домашен знак | ||||||||||||||||||||||||||||||
дански знаковен (ок. 1800–досега) | |||||||||||||||||||||||||||||||
фарски знаковен (ок. 1960–досега) | гренландски знаковен (ок. 1950–досега) | исландски знаковен (ок. 1910–досега) | норвешки знаковен (ок. 1820–досега) | ||||||||||||||||||||||||||||
мадагаскарски знаковен (ок. 1950–досега) | |||||||||||||||||||||||||||||||
Наводи
уреди- ↑ Wittmann, Henri (1991). "Classification linguistique des langues signées non vocalement." Revue québécoise de linguistique théorique et appliquée 10:1.215–88.
- ↑ 2,0 2,1 Brita Bergman & Elisabeth Engberg-Pedersen, 2010. Transmission of sign languages in the Nordic countries. In Brentari, ed., Sign Languages. Cambridge University Press.
Надворешни врски
уреди- [1]Ordbog over Dansk Tegnsprog Бесплатен семрежен дански знаковен речник.
- Алдерсон, Расел Р. и Лиза Ј. Мекенти-Аталијанис. 2007 година Лексичка споредба на исландскиот знаковен јазик и данскиот знаковен јазик. Birkbeck Studies in Applied Linguistics том 2. Лексичка споредба на исландскиот знаковен јазик и данскиот знаковен јазик Архивирано на 14 мај 2021 г.
Студии за знаковен јазик | 1 октомври 2008 година | Алдерсон, Расел Р; Мекенти-Аталијанис, Лиза Ј | 700+ зборови