Дамјан Јованов Дамјанов ( 1923 во Скопје1944 во Прилеп) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште. Поради материјални причини морал да го напушти своето образование и изучил занает. Потем, работел како механичар. Рано се поврзанл со напредното движење и материјално го помагал. На 1 август 1944 година стапил во една партизанска единица. Во состав на истата учествувал во многу борби против окупаторот. Ја дочекал капитулацијата на бугарскиот фашистички окупатор и учествувал во разоружувањето на нивните воени единици. На прагот на слободата, во борбите за ослободувањето на Прилеп, храбро загинал.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 50. На |first= му недостасува |last= (help)