Дамчест бакарец
Женка, долен дел.
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Lycaenidae
Род: Lycaena
Вид: L. thersamon
Научен назив
Lycaena thersamon
Esper, 1784

Дамчестиот бакарец (Lycaena thersamon) е пеперуга од семејството на пеперуги синци, од видот бакарци. Пеперугата ја има и во Македонија.

Распространетост

уреди

Пеперугата може да се најде во Источна Европа, Јужна Европа (без Пиринејскиот Полуостров), па сè до Монголија и северозападна Кина.

Опис

уреди

Распонот на крилјата на пеперугата е од 14 до 16 мм и тоа ја прави дел од групата на мали пеперуги. Возразните единки летааѕ од април до октомври, во зависност од местото и температурата. Ларвите се хранат со растението Polygonum aviculare.

Горната страна на пеперугата има златно-црвенкаста боја, а кај задниот дел има темни нијанси. Долната страна на пеперугата има сивкаста боја, а во предиот дел има голем диск во црвенкаста боја. Покрај краевите има кафенкасто-портокалови нијанси со дамки. Пеперугата има и мала опашка. Нијансите на боите варираат од местото. Ларвите се зелени, дорзалниот дел е жолт. Главата и нозете се кафеави. Куклата е округла и кафена. Пеперугата претпочита сончеви падини.[1]

Наводи

уреди
  1. Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)

Поврзано

уреди

Надврешни врски

уреди