Дамир Шкаро (Загреб, 2 ноември 1959) е поранешен југословенски и хрватски боксер, политичар и претприемач.

Ја претставувал Југославија на неколку Олимписки игри. Најголемиот успех во неговата кариера е освојувањето на бронзениот медал на Летните олимписки игри 1988 година, во Сеул, во полутешка категорија. Тој се натпреварувал на Олимпијадата во 1980 година, и Олимписките игри во 1984 година.[1]

Шкаро бил избран во хрватскиот парламент во 1995 година, како член на политичката партија ХДЗ.[2]

Властите во Хрватска на 4 септември 2019 година го уапсиле под сомнение дека ја силувал секретарката во Автоклуб Сигет, каде што бил претседател од 2004 година.[3][4][5][6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Evans, Hilary; Gjerde, Arild; Heijmans, Jeroen; Mallon, Bill; и др. „Damir Škaro Olympic Results“. Olympics at Sports-Reference.com. Sports Reference LLC. Архивирано од изворникот на 18 April 2020. Посетено на 26 December 2018.
  2. „Sportaš zalutao u visoku politiku“ (хрватски). 13 October 2006. Посетено на 23 November 2018.
  3. „Bivši zastupnik i boksač Damir Škaro uhićen zbog optužbe za silovanje“. Hrvatska radiotelevizija. Посетено на 2019-10-09.
  4. „ŠKARO PODNIO OSTAVKU NA DUŽNOST PREDSJEDNIKA AK SIGET 'Jasno osuđujemo sve oblike nasilja, a od pokretanja istrage surađujemo s institucijama' - Jutarnji List“. www.jutarnji.hr. Посетено на 2019-10-09.
  5. „PRODULJEN ISTRAŽNI ZATVOR DAMIRU ŠKARI Ovoga puta postoji samo opasnost od utjecaja na svjedoke - Jutarnji List“. www.jutarnji.hr. Посетено на 2019-10-09.
  6. „Podignuta optužnica protiv Damira Škare, tereti se za silovanje sekretarice“. n1info.com. Посетено на 2019-11-28.