Дамаскинарска литература
Дамаскинарска литература или дамаксини се поучни зборници во кои било јасно нагласено дека се напишани на народен јазик.[1]
Дамаскините се зборници со црковни проповеди, приказни, легенди и описи на настани и личности сврзани за христијанството. Првите дамаскини претставуваат превод од грчки на црковнословенски јазик со елементи од народниот јазик, и обид да се приближи книгата до народот. Постепено во нив преовладала мислата на грчкиот проповедник Дамаскин Студит, кој велел дека за народот треба да се пишува на едноставен и разбирлив јазик.[2]
Нивниот најстар словенски превод е направен во втората половина на 16 век од епископот пелагониски и прилепски Григориј ѝ ги содржи словата на најпознатиот зборник на Дамаскин Студит „Сокровиште“. Во подоцнежните зборници од овој вид, внесени се слова и поуки од други автори, потоа апокрифни текстови, раскази со религиозна и световна тематика и слично. Интересната содржина и достапниот јазик се главните причини за нивната голема популарност кај нас, особено во 19 век.[3] Од Македонија водат потекло околу 200 дамаскини.[2] Најпознат меѓу нив е Крнинскиот дамаскин.
Наводи
уреди- ↑ Матилда Саздова, Агим Морина, Наташа Јаневска: „Македонски јазик и литература“, Просветно дело, 2006 г., стр. 6.
- ↑ 2,0 2,1 Димитар Пандев: „Македонски јазик“, Просветно дело, 2005 г., стр. 56.
- ↑ д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 140. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help)