Даб кај Флаже
Даб кај Флаже (француски: Le Chêne de Flagey) или Веркингеториксов даб (Le Chêne de Vercingétorix) ― пејзажна слика со масло на платно од Гистав Курбе, создадена во 1864 година, со димензии 89 на 110 см. На него е прикажан даб во близина на семејната фарма на Курбе во селото Флаже, Дуб, неколку километри од Орнан во Франш Конте, именуван во врска со Веркингеторикс. Дабот подоцна бил погоден од гром, со што му го одзело животот. Сликата е чувана во Курбеовиот музе, во Париз.
француски: Le Chêne de Flagey | |
Творец | Гистав Курбе |
---|---|
Година | 1864 |
Димензии | 89 см × 110 см |
Место | Курбеов музеј, Париз |
Во 1880 година, сестрата на уметникот, Жулиет Курбе, го продала на банкарот Хенри Гибсон и по смртта на Гибсон била понудена на Пенсилванската академија за ликовни уметности. Била продадена во Сотбис во Њујорк во 1987 година на јапонскиот собирач, Мичимаса Мураучи, за 450.000 долари. Потоа била купена за 4,5 милиони евра во 2012 година од Курбеовиот музеј, вклучувајќи 2,7 милиони евра од приватни дарувања и 1,3 милиони евра од јавни фондови. Била позајмена на изложбата „Летај, плови, патувај“ (Volez, Voguez, Voyagez) на Луј Витон во Големиот дворец.[1]
Наводи
уреди- ↑ Linda Nochlin, "Le Chêne de Flagey de Courbet: Un motif de paysage et sa signification", Quarante-huit/Quatorze, Musée d'Orsay, no 1, 1989, p. 15–25 (French)