Г-н Џонс
„Г-н Џонс“ (англиски: Mr. Jones) — филм на режисерката Агнишка Холанд (Agnieszka Holland) од 2019 година, снимен по сценариото на Андреа Халупа (Andrea Chalupa). Главните улоги ги играат: Џејмс Нортон (James Norton), Ванеса Кирби (Vanessa Kirby), Петер Сарсгард (Peter Sarsgaard), Џозеф Мол (Joseph Mawle), Фенела Вулгар (Fenella Woolgar) и Кенет Кренам (Kenneth Cranham). На Берлинскиот филмски фестивал, филмот бил номиниран за наградата „Златна мечка“.[1]
Синопсис
уредиВо 1933 година, Герет Џонс, кој се прославил како првиот странски новинар кој летал заедно со Хитлер, работи како советник на Лојд Џорџ и ја бара својата нова голема приказна. Него го интересира како Сталин ја финансира брзата модернизација на Советскиот Сојуз. Џонс успева да ги измами надлежните советски органи и тајно патува во Украина, каде е сведок на страшни глетки: милиони луѓе гладуваат зашто државата го продава житото во странство за да се финансира индустријализацијата на земјата...