Мор-Вествалова вага
Мор-Вестваловата вага служи за определување на релативна густина на течност, спрема густината на водата на собна температура, со примена на Архимедовиот закон.
Мор-Вестваловата вага претставува нерамнокрак лост кој ротира околу призма поставена со жлеб. На подолгиот крак на вагата се наоѓаат две скали, градуирани во g/cm3, по кои може да се движат два тега. На десеттиот поделок од долната скала, со тенка жичка е обесено стаклено тело, кое треба целосно да се потопува во течноста чија густина се мери.
Густината на течноста се пресметува по формулата: , каде што е густина на дестилирана вода на температура на која е извршено мерењето, а d е релативна густина, и е однос меѓу тежината на истиснатата испитувана течност од стакленото тело што се потопува (P) и тежината на истиснатата вода (Po):