Гунела
Гунела -―антички римско-берберски град и археолошко наоѓалиште во вилаетот Бизерта, Тунис. Се наоѓа на 37.165524с, 9.765536и, во предградијата на гратчето Тинџа.[1]
Во антиката, Гунела бил град во провинцијата Африка Проконзуларис.[2] Гунела била проверливо сместена кај урнатините на Хенчир-Гунгла преку реката од Тинџа.[3] Градот го достигнал својот процут од 30 п.н.е. до 640 г.[4]
За време на доцната антика, Гунела била седиште на античка римокатоличка епархија,[5][6] суфраган на Архиепископијата Картагина. Единствениот епископ запишан во историјата е Паскасион, кој учествувал на Соборот во Картагина (484) што го свикал вандалскиот крал Хунерик, по што Паскасион бил прогонет. Денес опстојува како насловна епископија, а сегашен архиепископ е Кристоф Пјер.[7][8]
Наводи
уреди- ↑ Barrington Atlas, 32 E2.
- ↑ R. B. Hitchner, Gunela a Pleiades place resource
- ↑ About: Gunela?, Henchir-Goungla
- ↑ Titular Episcopal See of Gunela[мртва врска], at GCatholic.org.
- ↑ Pius Bonifacius Gams, Series episcoporum Ecclesiae Catholicae, (Leipzig, 1931), p. 466.
- ↑ Stefano Antonio Morcelli, Africa christiana, Volume I, (Brescia, 1816), pp.176.
- ↑ Gunela at Catholic-hierarchy.org.
- ↑ Le Petit Episcopologe, Issue 143, Number 12.613.