Гулнара Самитова - Галкина
Гулнара Искендеровна Самитова - Галкина (родена на 9 јули 1978 г. во Набережние Челни) е руска атлетичарка која се натпреварува на трки на средни патеки. Таа е светска рекордерка на 3000 метри со препреки со време од 8:58,81 истрчано на 17 август 2008 на Летните олимписки игри во Пекинг.
Лични податоци | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Роден(а) | 9 јули 1978 Набережние Челни, Русија | ||||||||||||
Висина | м | 1,68||||||||||||
Тежина | 54 kg (119 lb) | ||||||||||||
Спорт | |||||||||||||
Земја | Русија | ||||||||||||
Спорт | Атлетика | ||||||||||||
Дисциплини | Трки на средни патеки | ||||||||||||
Освоени медали
|
Гулнара била натпреварувачка на 1500 метри и 5000 метри, но таа не постигнала забележителни резултати освен бронзата на 1500 метри на светското првенство во сала во 2004 година. Но, откако на големите атлетски натпреварувања била воведена дисциплината 3000 метри со препреки во женска конкуренција, таа како и многу останати натпреварувачки од средните патеки кои не постигнувале врвни резултати се пренасочила на новововведената дисциплина.
Најголемиот свој успех Гулнара Самитова- Галкина го потигна на Летните олимписки игри во Пекинг каде го освоила златниот медал на трката на 3000 метри со препреки, притоа поставувајќи нов светски рекорд од 8:58,81[1] подобрувајќи го сопствениот светски рекорд од 9:01,59 со што го спуштила рекордот под границата од 9 минути.
Во 2009, на светското првенство во Берлин, Гулнара го освоила четвртото место.
Лични рекорди
уреди- 800 метри - 2:00.29 мин (2009)
- 1500 метри - 4:01.29 мин (2004)
- 1 милја - 4:20.23 мин (2007)
- 3000 метри - 8:42.96 мин (2008)
- 3000 метри со препреки - 8:58.81 мин СР (2008)
- 5000 метри - 14:33.13 мин (2008)
Наводи
уредиНадворешни врски
уредиНагради и достигнувања | ||
---|---|---|
Претходник Алесија Турава |
Светски рекордер на 3000 метри со препреки 10 август 2003 – |
Наследник Актуелен |