Гугл Земја (Google Earth) e програм кој овозможува 3D виртуелен приказ на Земјината површина исто така и на вселената, a од верзијата 5.0 и на морето. Приказот е создаден од многу различни сателитски слики,кои се накнадно споени во една содржина. Скоро секој дел од Земјината топка може да се зумира и да се откријат и најмалите детали.

Гугл Земја
Google Earth
Програмер:Google
Почетно издание:Јуни 2005 ( Google Earth)
2001 ( EarthViewer)
Најново издание:6.0.0.1735 (23.11.2010)
ОС:Windows 2000, XP & Vista, Mac OS X, iPhone OS, Linux
Достапни јазици:41 јазик
Намена: Виртуелен глобус
Лиценца:Слободен софтвер
Мреж. место: http://earth.google.com/

Со Google Earth можат да се прегледуваат градови како и природни знаменитости (некои со поголема видливост при зумирање, а други со замагленост).

Освен „патување“ на определени места на Земјината топка, постојат и други додатни информации. Се цитираат одбрани информации за одделни поими како текстови од Википедија, слики од Панорамио, истражувања од National Geographic, исто така и приказ на патиштата и државните граници, а од најновата верзија достапно е и улично гледање на градовите во некои држави (street view), како и 3D приказ на згради. (само некои згради во светот ја имаат таа опција.)

Надворешни врски

уреди